ГЕРМАНИЈА
Штрајк на аеродромите низ Германија, стотици летови откажани
10.03.2025 12:14
Аеродромите во Минхен, Бремен, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Лајпциг и Штутгарт со ограничени полетувања и пристигнувања. Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром најмногу се засегнати меѓународните летови...

Германскиот синдикат на аеродромските работници на штрајк. Околу 3.400 летови се откажани. Аеродромите во Минхен, Бремен, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Лајпциг и Штутгарт со ограничени полетувања и пристигнувања. Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром најмногу се засегнати меѓународните летови.
Оперативната компанија предупреди дека ниту еден патник нема да може да ги користи услугите. Штрајкот се одржува во екот на годишните преговори за платите и условите за работа на аеродромите.
