Утре и задутре во Велес и во Башино село, симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите
Утре и задутре во Велес и во Башино село, симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации - (FAO), утре и во среда, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Ц
Ја известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во Башино село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба која ќе се реализира по однапред утврдено сценарио и ќе опфати активности кои би се презеле во случај на појава на болеста. Целта на симулациската вежба е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, известуваат од АХВ.
На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.
