Претседател

Потпишани указите за отповикување на девет амбасадори

10.03.2025 13:12

Претседателката Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување. Осуммина заминале на должноста без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.

Девет амбасадори се враќаат дома. Претседателката Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување. Осуммина заминале на должноста без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.

Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа.

Известува Катерина Топалова