Русија го затвора воздушниот простор за европските авиокомпании

05.08.2014 18:43

Русија го возвраќа ударот - размислува за затворање на воздушниот простор за европските авиокомпании кои го користат фреквентниот транс-сибирски коридор. Потегот е одговор на санкциите на Европската унија против рускиот нискобуџетен Добролет. Авиопревозникот беше известен дека сите европски подизведувачи – од техничко одржување, до осигурување и до изнајмување на простор – ги раскинуваат договорите со него.

„Во услови на до сега невиден притисок врз Добролет од европските подизведувачи, авиокомпанијата мораше да ги суспендира летовите и продажбата на билетите“, рече Максим Фетисов, прес секретар на Добролет.

Со укинувањето на коридорот во предност ќе се најдат азиските превозници. Аерофлот освен таксата за прелети, изгуби и поени на берзата. Во моментов мора да се справи и со 27 илјади руски туристи кои останаа заглавени на годишен одмор во странство поради затворањето на Добролет. Европските авио-гиганти Луфтханза, Бритиш Ервејз и Ер Франс не коментираат, но се проценува дека ќе губат по милијарда евра за период од три месеци. Излезот од ситуацијата не е на повидок – руските тајкуни за сега без најава за притисок врз Путин. Западот инсистира Русија да се повлече од Украина.

„Сакаме да видиме од Русија чекори за затворање на границата за транзитот на тешко оружје, но не ги видовме. Но тоа не е политика што се проценува за ден-два, туку за повеќе недели или месеци“, рече Џош Ернест, портпарол на Белата куќа.

Во екот на Студената војна, на повеќето западни авиопревозници им беше забрането да летаат кон Азија низ рускиот воздушен простор. Заобиколната рута ги носеше над Персискиот залив или аеродромот во Енкориџ во Алјаска. Во изминатите години Брисел и Москва спореа околу таксата што ја плаќа Унијата за надлети над Сибир.