Македонија

Петмина членови на Судскиот совет ќе се изјаснат за интерпелациите

10.03.2025 13:20

Седница на Судскиот совет ден пред собраниската пленарка на чиј дневен ред е интерпелација за дел од членовите. Тие без коментар во пресрет на расправата...

„Ако колегите имаат интерес да одат на собраниска седница, нема да им забранам, нашата ќе ја прекинеме, па ќе ја продолжиме“ – првиот човек на Судскиот совет пред утрешната интерпелација во Собранието. Оние кои се на дневен ред денеска не сакаа да кажат ништо.

Анита Димитријевска- Велковска известува од Судскиот совет каде што на дневен ред е и избор на в.д. претседател на Врховниот суд.