Сообраќај

Осигурителни измами при сообраќајни несреќи

10.03.2025 14:13

За 10 отсто се зголемени осигурителните измами при сообраќајни несреќи минатата година споредено со 2023-та, според некои од големите светски осигурителни компании. Од МВР велат дека измамници се јавуваат телефонски на граѓани, се претставуваат како службени лица и бараат пари за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои наводно направиле сообраќајна несреќа со смртни последици...

Оливера Клинчарова, и покрај тоа што е претседателка на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва, пред неколку години на своја кожа ги почувствувала осигурителните измами при сообраќајнa несреќа.

За 10 отсто се зголемени осигурителните измами при сообраќајни несреќи минатата година споредено со 2023-та, според некои од големите светски осигурителни компании. Ова е глобален проблем за кој е потребно глобално решение-вели Клинчарова.

За наводните сообраќајни несреќи предупредуваат и од МВР. Велат дека измамници се јавуваат телефонски на граѓани, се претставуваат како службени лица и бараат пари за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои наводно направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.

„МВР ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција“, соопштуваат од МВР.

Минатата година се регистрирани 25 вакви случаи, од кои 15 на подрачјето на CРВ Скопје. Пo преземени мерки поднесени се четири кривични пријави, од кои две се против непознат сторител.

 

Александра Велинова