Здравствените власти преземаат вонредни мерки за зашитита од ебола
Лекарите ќе ги прегледуваат сомнителните случаи во посебна изолирана просторија на аеродромите кои со карантинско возило ќе бидат пренесувани на инфективната клиника...

Македонските здравствени власти се мобилизраа. На аеродромите и на граничните премини се преземени вонредни мерки поради можноста од ширењето на ебола. Лекарите ќе ги прегледуваат сомнителните случаи во посебна изолирана просторија на аеродромите кои со карантинско возило ќе бидат пренесувани на инфективната клиника. Од комисијата за заразни болести велат луѓето кои се враќаат од критичните земји веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
„Голем ризик ни е, потенцијална опасност да, затоа и се спремаме да бидеме подготвени. Согласно протоколот кој го усвоивме на комисијата за заразни болести, точно е дефинирано кој, како и што постапува, кои се задачи на медицинскиот тим на аеродромот Александар Велики, кои се задачи на Центарот за јавно здравје, на министерство за здравство, на Клиника за инфективни болести и другите служби, со точно определени имиња на лица и телефони“, рчее Јованка Костовска од комисијата за заразни болести.
Од соседството, Србија веќе воведе превентивни мерки. Во Хрватска засилени контроли има уште од април. Вториот американски хуманитарен работник, кој се заразил со вирусот ебола во западна Африка, се очекува да пристигне во САД во тешка состојба. Светската банка додели 200 милиони долари за запирање на епидемијата на ебола во западна Африка .
„Светска банка ја зголемува помошта на 200 милиони долари за Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне за поддршка на напорите за броба против епидемијата на ебола што ги зафати овие три држави. Парите се за основни потреби за медицинскиот персонал и материјали и за помош на луѓето кои се во лоша економска состојба“, рече Јим Јонг Ким, претседател на Светска Банка.
Досега од оваа смртоносна болест се инфицирале околу 1209 од кои 660 починале. СЗО испраќа и 20 волонтери на црвениот крст во овие земји. Вирусот на еболата не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе.
Дијана Ценевска
