Мир и стабилност на европско тло, проширувањето останува во фокусот на полското претседателство
Приоритет- мир и стабилност во Европа. Проширувањето останува во фокусот. Претставена стратегијата на полското претседателтво со Унијата...

Политиката на проширување на ЕУ останува во центарот на вниманието – посочи полскиот амбасадор Бримора на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции.
Според него, пристапувањето на земјите од Западен Балкан и Источна Европа ќе придонесат за безбедноста на европскиот континент. Бримора објасни дека приоритет на полското претседателство останува воспоставување на траен мир и обезбедување на воена и финасиска помош за Украина.
Евроинтегративниот процес паралелно со економскиот развој се врвни приоритети на владата, рече во своето обраќање заменик- министерката за европски прашања Викторија Трајков.
Посветени сме на исполнување на зацртаното во Патоказот за Европската Унија и работиме на негово воедначување со Реформската агенда, која, какошто истакна Трајков, предвидува 22 проекти и инвестиции од 1,3 милијарди евра. Таа рече дека реализацијата ќе биде уште побрза, ако соработува и опозицијата.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, порача дека ЕУ мора да се насочи кон подобрување на трансатланскиот дијалог и подобрување на односите со САД како наш стратешки партнер.
Опозцијата со став дека Владата води погрешна надворешна политика. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипч,е со забелешка за воздржаноста при гласањето на резолуциите во ОН.
Од 1-ви јули со Советот на Европа ќе претседава Данска.
Марина Стојанова- Тонева
