Интерпелацијата на членови на Судскиот совет утре пред пратениците
Седница на Судскиот совет ден пред собраниската пленарка на чиј дневен ред е интерпелација за дел од членовите. Тие без коментар во пресрет на расправата...

Судскиот совет утре ќе си тера по закажаната агенда. Кој сака да оди во Собрание ќе оди, а седницата ќе се прекине додека трае отсуството на членовите кои сакаат да ги слушнат аргументите за интерпелациите. Откако и Собранието и Советот закажаа седници во ист ден, првиот човек на Судски вели – едната седница не ја исклучува другата, а Советот ќе даде пауза додека не се вратат оние за чии интерпелации расправа Законодавниот дом.
За опозициската СДСМ, интерпелациите се незаконски и сметаат дека се упад во независноста на судството.
Владејачката партија, пак, е на став дека нивниот опонент се обидува да ги заштити судиите и обвинителите за да избегне одговорност.
Владејачката колација поднесе интерпелации за петмина членови на Судскиот совет заради недоследно спроведување на надлежности, нарушување на угледот на судиите и намалување на довербата во правосудниот систем.
Анита Димитријевска – Велковска
