СДСМ објави нов скандал за Министерството за дигитална трансформација, Андоновски ги демантира наводите
Фирма предводена од сопругот на Гордана Клинчарова, државен секретар на Министерството за дигитатална трансформација, добила тендери во вредност од 50.000 евра од истата институција, обвинуваат од СДСМ. Објавија два склучени договора...

Фирма предводена од сопругот на Гордана Клинчарова, државен секретар на Министерството за дигитатална трансформација, добила тендери во вредност од 50.000 евра од истата институција, обвинуваат од СДСМ. Објавија два склучени договора, а според партијата, фирмата учествувала и во изградбата на Скопје 2014.
Министерот за дигитална трансформација ги демантира наводите на СДСМ и вели дека тој само го потпишал документот за избор на компанија, која претходно го подготвила тендерската комисија. Не се точни наводите на СДСМ дека во овој тендер се постигнати високи цени, туку напротив, се остварени заштеди од над 30 до 40 насто, посочува Андоновски.
Министерот Андоновски најави - доколку не се извинат за клеветата, ќе поведе судска постапка против СДСМ.
Игор Панов
