мвр

Приведен кавадарчанец за безобѕирно управување со моторно возило

10.03.2025 15:00

Имено, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата...

Вчера во 12.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 – А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата.

М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.