Меморандум за соработка

Суденти од ФИНКИ ќе му помогнат на МОН да го забрза процесот на дигитализација на образованието

10.03.2025 16:15

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на Министерството за образование во унапредување на дигиталното работење. Цел – забрзување на процесот на дигитализација на образованието...

Информатичарите од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН за да се забрза и унапреди процесот на дигитализација во образованието. Министерството и Факултетот за информатичко инженерство ставија потпис на меморандум кој предвидува младите заедно со нивните професори, да ги одржуваат дел од информациските системи и дигиталните платформи, да креираат и имплементираат нови технолошки решенија.

Со договорот,  студентите добиваат практична работа во МОН, вработените во оваа јавна институција ќе се стекнат со обуки и семинари за стручно усовршување организирани од ФИНКИ.

МОН и Факултетот ќе организираат заеднички стручни и научни истражувања, анализи како и организација на хакатони и натпревари за младите.

 

Викторија Милевска