Делегација од Штип за Илинден се искачи на Мон Блан
Петчлена македонска делегација, меѓу кои и познат штипски стоматолог, за Илинден се искачија на Мон Блан. Подготовките за подвигот траеле два месеца, а ове прва македонска делегација да се искачи на врвот на европа по повеќе години.

Познатиот штипски стоматолог Зоран Џидров, Илинден го дочека на врвот на Европа. Тој заедно со македонските планинари- Петар Герасимов, Зоран Успрцов, Александар Србиновски и Јован Мирчески, беше дел од Mеѓународната планинарска експедиција која учествуваше во освојување на врвот Мон Блан висок 4.810 метри.
„Предизвик за секој планинар е да го искачи врвот на Европа, Мон Блан. Чувството не може да се опише. Тоа може само да се доживее. Имавме доволно голем потив, после толку време, македонска делегација да се искачи на Мон Блан“, изјави Зоран Џидров.
За експедицијата, македонските планинари се подготвувале два месеца, искачувајќи повеќе врвови над 2.700 метри височина.
„Најважно е човек да е психички подготвен за ваков подвиг. Секако, важна е и фиизчката подготовка, но психичкиот момент е пресуден“, појаснува Џидров.
Сепак, за Монт Блан , неопходна им била и соодветна аклиматизација.
„Главната климатизација беше во Италија. Требаше да се качиме на врвот Монта Роса. Висината до која стигнавме за нас беше многу добра, зашто избегнавме главоболки и висинска болест“, тврди Џидров.
Амбициите на маледонските планинари не завршуваат тука. Нивни идни предизвици се врвовите Ел Брус на границата меѓу Европа и Азија и Аконкагва на Андите.
Оливера Жежова
