Енергетика

Министерката Божиновска и македонска делегација во Тушимице

10.03.2025 19:46

Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка.

Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW.

Оваа посета претставува значаен чекор кон зајакнување на билатералната соработка меѓу Македонија и Чешка во енергетската област, со цел постигнување на одржлив и сигурен енергетски систем.