ССМ

ССМ не се откажува од барањето за раст на минимална плата од 500 евра

10.03.2025 18:54

Сојузот на синдикати на Македонија не отстапува од барањето минималната плата да се зголеми за 100 евра. За толку, велат, се зголемени трошоците за живот во последнава година. Работодавачите бараат продуктивност и помош од државата...

Сојузот на синдикатите на Македонија не се откажува од барањето за раст на минимална плата од 500 евра. Првиот човек на ССМ подава рака за преговори кон сите засегнати страни, со апел да не се гледа низ призма на политика. Ако нема договор, не ја исклучуваат можноста да излезат на протести.

Работодавачите велат дека сега работниците ќе го добијат законското зголемување од 1.800 денари, а за повеќе, мора да се преговара.

Владата порача дека ќе прифати се што ќе договорат работниците и синдикалците, но веќе кажа дека во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите.

ЕСС најверојатно ќе се одржи кон средината од следната недела.

 

Борис Грујоски