Сообраќајна несреќа

Двајца загинати и еден тешко повреден во сообраќајна несреќа

10.03.2025 19:20

Сообраќајка со трагични последици на патот Битола-Прилеп. Директен судар на камион и автомобил. Почина возачот на патничкото возило...

Сообраќајна несреќа која се случи денес напладне на магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, пред влезот на Битола, однесе два животи, а неизвесна е и судбината на повредениот патник од Индија. До несреќата дошло при судир на патничко возила со скопски регистарски таблички и товарно возило со битолски ознаки. Ова е втора сообраќајна несреќа за едно деноноќие. Синоќа на патниот правец Ресен-Битола, живото го загуби 46 годишен жител на ресенското, а две лица се здобија со телесни повреди.

До несреќата дошло при директен судир на патничко возило „Дачиа“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „Ивеко“ со битолски ознаки.

Од Клиничка болница Битола, велат дека пациентот бил примен во многу тешка состојба, извршена е реанимација и поставен е на механичка вентилација. Моментално е во критична живото загрозувачка состојба.

На лице место увид е направен од страна на јавен обвинител, се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Ова е втора сообраќајна несреќа за едно деноноќие, синоќа на патниот правец Ресен-Битола, животот до загуби едно лице, а две лица беа повредени.

Александра Максимовска