Американско- украински преговори во Џеда
Украинскиот претседател Зеленски побарал прошка од американскиот претседател Трамп по спорот во Белата куќа, потврди специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Виткоф, нагласувајќи дека тоа е важен чекор напред.

Американско-украински преговори во саудискиот град Џеда со цел брзо ставање крај на тригодишната војна.
„Возбуден сум поради улогата на Саудиска Арабија овде. Мислам дека тие играат одлична улога како посредник. Беше одлично место за средба со Путин и рускиот тим. И јас би рекол дека ова е одлично место сега за да се има оваа украинска дискусија“, изјави Адам Болер, претставник на американскиот претседател.
Украинскиот претседател Зеленски побарал прошка од американскиот претседател Трамп по спорот во Белата куќа, потврди специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Виткоф, нагласувајќи дека тоа е важен чекор напред.
На фронтот, Москва јавува дека руските сили напредуваат како дел од големата операција во областа Курск. Соединетите држави воопшто не го прекинаа споделувањето на разузнавачки информации со властите во Киев кои се неопходни за одбранбени цели, потврди Виткоф.
