Жичницата на Водно е безбедна и во лоши временски услови

05.08.2014 19:56

Нема место за паника, како гаранција го наведуваат австрискиот изведувач „Допелмаер“ кој е бренд и има изградено ваква инфраструктура и во познати зимски центри низ 88 земји...

Возењето со жичницата е безбедно и кога има невреме – тврдат надлежните. Нема место за паника, како гаранција го наведуваат австрискиот изведувач „Допелмаер“ кој е бренд и има изградено ваква инфраструктура и во познати зимски центри низ 88 земји, објаснуваат од ЈСП. Случајот од неделата кога поради невремето жичницата остана без струја се надмина за десетина минути потребни за вклучување на погонските тркала,  вели управителот на објектот .  

„Сите европски и светски стандарди се вгадуваат со еден помошен агрегат, кој се користи кога нема струја, некои дефекти“, вели Борис Ивановски, управител на објектот.

Жичницата има и двојна громобранска заштита.

Не постои можност да удри гом во кабините велат надлежните. Громобран има и на Милениумскиот крст.

Граѓаните кои ги анкетираше МТВ велат не стравуваат да се возат во жичарата и во услови кога има силни врнежи и грмежи, се чуствуваат безбедно.

„Секаде се возат така, зошто и кај нас да не се возат, има некоја сигурност.“

„Засега се немам возено на невреме, аме гледам дека нема некоја голема опасност.“

„Има комуникација внатре, дури и да се заглави ќе може да коуницираме со службите, сметам дека се безбедни“, велат анкетираните граѓани.

Жичарата на Водно е атракција за странските туристи. Таа е неминовна локација при посетата на скопје. Во неа во текот на денот се возат по 2000 патници.

Андријана Атанасовска