Собрание

Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет

11.03.2025 08:13

Денеска во законодавниот дом, пред народните избраници се интерпелациите на петте членови на Судскиот совет. Тие воздржани, не откриваат како ќе настапат. Ако има интерес да одат нема да има забранам – рече првиот човек на судски Камбовски. Час пред закажаната пленарка и Судскиот совет има седница...

Собранието денеска треба да ја одржи 40-та седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата,  застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Во образложенијата за поднесените интерепелации објавени на собраниската веб-страна се посочува дека се поднесуваат заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

За денеска во 10 часот е закажана и нова седница на Судскиот совет. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски вчера во изјава за медиумите прашан дали седницата на Судски совет се користи како алиби за членовите за кои се бара интерпелација, рече дека немале таква намера.