БЛИСКИ ИСТОК

ОН загрижени за одлуката на Израел да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Газа

11.03.2025 08:25

УНРВА пак алармира дека појасот е во опасност од нова криза со глад доколку Израел продолжи да го блокира влезот на хуманитарна помош.

Обединетите нации изразија загриженост за одлуката на Израел да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Газа. УНРВА пак алармира дека појасот е во опасност од нова криза со глад доколку Израел продолжи да го блокира влезот на хуманитарна помош.

„Од клучно значење е повторно да се дозволи хуманитарна помош во Газа, за да се одржи напредокот постигнат во првата фаза од прекинот на огнот и да се задоволат основните потреби на луѓето“, изјави Филип Лазарини, генерален комесар на УНРВА.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека средбите за ослободување на заложниците – досега не донеле резултати.

Милитантната група во исто време, најави дека чека Израел да се согласи да продолжи спроведувањето на втората фаза од договорот за прекин на огнот, како и да го чека исходот од напорите на Египет, Катар и САД во преговорите со Тел Авив.