Свет

Избори на Гренланд, во фокус можната независност на островот

11.03.2025 09:05

Сите главни политички партии ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали да се прекинат врските со Данска.

Парламентарни избори на Гренланд. Во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров во светот.

Сите главни политички партии ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали да се прекинат врските со Данска. Според анкетите, 56 насто од жителите ја поддржуваат независноста.

Сепак, 45 проценти се против независноста ако тоа би довело до влошување на нивниот животен стандард. Американскиот претседател Трамп повторно повика Гренланд да стане дел од САД и изрази подготвеност за инвестирање милијарди долари.