СРБИЈА
Студенти ја блокираа РТС
11.03.2025 09:17
Неколку стотици студенти го блокираа влезот на српскиот радиодифузер во Белград, како дел од тековните протести во Србија...

Неколку стотици студенти го блокираа влезот на српскиот радиодифузер во Белград, како дел од тековните протести во Србија кои ја зафатија земјата во последните четири месеци.
„Целата зграда е блокирана затоа што РТС не известуваат соодветно, затоа што функционерите не нарекуваат измеќари. Ние не повикуваме на насилство и како што можете да видите, тука имаме сопствена безбедност“, изјави Урош Петровиќ, студент.
Српските власти тврдат дека дошло до судири со полицијата, еден полицаец е повреден.
