Временска прогноза

Променливо облачно и топло

11.03.2025 08:43

Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.