Циклонот „Бранко“ предизвика поплави во регионот, во Македонија попладнево се очекува невреме
Метеролозите предупредуваат дека ваквото време во регионот ќе продолжи. Врнеше и на подрачјето на Македонија, но не со толку силен интензитет колку што очекувавме...

Циклонот „Бранко“ остави пустош зад себе во Република Српска и Босна и Херцеговина.
Сообраќајот беше стопиран на повеќе сообраќајници, а Мостар беше без електрична енергија час и половина. И покрај предупредувањата на метеоролозите, силниот дожд ги изненади граѓаните на Бања Лука.
Циклонот удри и во западна и централна Србија. Во повеќе делови се забележани свлечишта и прекин на струјата, а во реонот на Лозница реката Штир се прелеа и ја поплави околината.
Поројни дождови имаше и во Белград и во реонот на Крагујевац. Метеролозите предупредуваат дека ваквото време во регионот ќе продолжи.
Врнеше и на подрачјето на Македонија, но не со толку силен интензитет колку што очекувавме.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места обилен, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места обилен, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Температурата ќе достигне 28 степени.
