Воен конфликт

Украински дронови ја нападнаа Москва, едно лице загина

11.03.2025 09:56

Руските сили одбиле над 300 украински беспилотни летала, едно лице загина.

Москва ноќеска беше цел на најголемиот украински напад на нејзина територија од почетокот на војната. Руските сили одбиле над 300 украински беспилотни летала, едно лице загина.

Во Саудиска Арабија, американско-украински преговори со цел брзо ставање крај на тригодишната војна во Украина. Тимовите од Вашингтон и Киев се оптимисти за постигнување напредок.

Францускиот претседател Макрон, пак, во Париз ќе биде домаќин на началниците на Генералштабот на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност.