здравје

Аронија-најмоќниот природен засилувач на нашиот имунитет

11.03.2025 09:27

Помага во прочистување на организмот од штетни материи кои секојдневно се внесуваат во телото и во нивно исфрлање од организмот...

Главна компонента што им се препишува на повеќето здравствени придобивки од ова овошје е група наречена полифеноли, кои се моќни антиоксиданти кои го штитат организмот од оштетување на клетките.

Помага во прочистување на организмот од штетни материи кои секојдневно се внесуваат во телото и во нивно исфрлање од организмот.

Се препорачува при појава на мигрена и главоболки, при висок крвен притисок, спречување и развој на вирусни и бактериски инфекции на уринарниот тракт.

Се препорачува против формирање брчки и стрии на кожата. Со редовна употреба ја подобрува работата црниот дроб и жолчката. Од големи придобивки е и кај дијабетичари и сите што страдаат од чир на желудник.

Особено се препорачува кај постари лица, бидејќи помага во заштита од деменција и појава на Алцхајмерова болест.

Аронијата помага при слабеење и ја регулира тежината.

Аронијата може да ја консумираат и потполно здрави луѓе. Најдобро е да се консумира како свежо овошје а може и сушена во чаеви, мусли, во јогурт и слично.

Најлесен начин на конзумирање на аронијата е да ја додадете во своето смути или овошна салата. Доволни се 10-тина зрна дневно.