Пукањето на свадби во Струга е вообичаено, стружани бараат санкции!
Лице на 52 години, гостин на свадба во струшкото село Џепин испукал повеќе куршуми кои по одбивањето од бетонскиот ѕид завршиле во петмина сватови. Ранетите се надвор од животна опасност. Веселиот гостин за оружјето немал дозвола...

Пет лица се повредени од истрели од огнено оружје на свадба во струшкото село Џепин. Поднесена е и кривична пријава против 52 годишниот маж кој од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух, при што со повреди се здобиле пет лица кои биле присутни на прославата.
„Има ред тука, полиција треба да види... Се пука не велам не. Јас право да Ви кажам не сакам да се пука. Не е добро тоа за мене... Државава треба тие работи да ги среди како што треба, има правда има закони има се. Почитувај закони од правила од се, било македонец или албанец...“, велат стружани.
Повредените се пренесени во Медицинскиот центар Струга каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани телесни повреди. Се апелира на воздржаност од користење огнено оружје на какви било свечености.
„Како хумани луѓе не оправдуваме да се пука, било од радост било од се. Затоа апел од органите адекватни да внимаваат на кого му даваат на располагање таков предмет, такво оружје за да не дојдиме до некој немил настан“, вели директорот на општата болница на Струга.
Пукањето на свадби во Струга и струшко е вообичаена пракса последниве години. Стружани бараат да се санкционира ваквата појава, бидејки како што велат, истрели од оружје особено во ноќните часови ги вознемируваат и ги оставаат без сон.
Јованчо Наумоски
