Општина Аеродром

Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка во Општина Аеродром

11.03.2025 10:58

Општина Аеродром ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Мара“ и „Срничка“...

Општина Аеродром ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Мара“ и „Срничка“.

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуваат од плаќање следните категории:

Родители на три деца запишани во градинка; Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата; Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи; Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата; Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;

Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.

Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси.