Потребни нови правила во фискалните политики
Фискалните правила без политичка волја за спроведување не гарантираат одговорни фискални политики, Светската банка предупредува на значително зголемениот јавен долг, а Европската унија апелира Владата да избегнува преоптимистички проценки за јавните трошоци за да се избегнат фискални дисбаланси. За улогата на фискалното управување и совет, слушнаа народните избраници на матичните комисии.

Реформите во јавните финансии се клучни во евроинтегративниот процес, да се избегнуваат преоптимистички владини проценки или неодржливите планови за јавните трошоци кои може да доведат до фискален дисбаланс-порача евроамбасадорот Рокас.
Јавниот долг на Македонија значително се зголеми, изнесува 62,4 проценти, воведувањето на фискалните правила без политичка волја за нивно спроведување не може да гарантира одговорни фискални политики – е ставот на Светската банка.
На презентацијата за фискалното управување во ЕУ беше потенцирана улогата на фискалните совети кои вршат независен надзор и го следат придржувањето кон фискалните правила. Преку европските фондови досега во земјава се слеале 13 милиони евра за реформи во јавните финансии.
Наташа Јанчиќ- Менковски
