Посета

Сиљановска-Давкова на средба со Илхам Алијев

11.03.2025 13:20

Сиљановска-Давкова утрово имаше средба со нејзиниот домаќин, Илхам Алијев. Имаа и заедничка прес-конференција...

Mакедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Азербејџан. Tаа утрово имаше средба со нејзиниот домаќин, Илхам Алијев. Имаа и заедничка прес-конференција.

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши.

Двете земји почнаа соработка во делот на енергијата. Природниот гас на Азербејџан се испорачува на Македонија. Годинава, Азербејџан ќе обезбедува природен гас и подготвени сме да го зајакнеме нивото на дистрибуција на вашиот пазар, бидејќи како што се појавуават нови полиња за дистрибуција на гас во Азербејџан ние работиме активно на тоа прашање, истакна претседателот Алиев.

 

Oд Баку за МТВ известува Мартин Пушевски.