Здравствениот дом во Вевчани доби донација од македонска иселеничка во САД
Донацијата се состои во еко колор доплер апарат, пиштол за корбиопсија, 12 канален ЕКГ апарат, како и холтер ЕКГ апарат за 24 часа следење на срцева работа...

Директорот на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани, Боро Пешиноски, и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, примија донација вредна 150.000 американски долари од Снежана Ставреска која живее и работи во САД, а потеклото по мајка и е од Вевчани.
Донацијата се состои во еко колор доплер апарат, пиштол за корбиопсија, 12 канален ЕКГ апарат, како и холтер ЕКГ апарат за 24 часа следење на срцева работа.
Со оваа донација се прошируваат дијагностичките можности на Здравствениот дом со нови дијагностички процедури и техники.
Градоначалникот на општина Вевчани и Директорот на Здравствен дом Вевчани во името на граѓаните на општина Вевчани се заблагодарија за донацијата.
Јованчо Наумоски
