Жестока дебата за интерпелациите на петте членови на Судскиот совет
Со 77 гласа „за“ во Собранието помина интерпелацијата на Дамева. СДСМ и ДУИ ја напуштија салата. Жесока расправа и за другите членови на Судскиот совет...

Интерпелациите на членовите на Судскиот совет се клучен момент за владеење на правото. Судството е со два проценти доверба и интерпелацциите не се политичка пресметка, туку прв чекор кон демонтирање на коруптивниот систем создаден од власта на СДСМ и ДУИ во изминатите седум години, рекоа пратениците од владеачкото мнозинство.
Весна Дамева, вели, не носела одлуки под влијание. Смета дека со интерпелациите се случува директен упад во судската власт и овој институт не е наменет за судската фела.
Опозицијата во Собранието поделена. Левица ќе гласа за интерпелациите, додека за социјал-демократите, тие се без преседан и неуставни. Удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото.
Интерпелациите се образложуваат со недоследно спроведување на надлежностите, нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството.
Миле А. Ристески
