82 години од депортација на македонските Евреи

Нета Коен една од малкуте која го преживеа кобниот 11-ти март

11.03.2025 17:33

Еврејката Нета Коен една од малкуте која го преживеа кобниот 11-ти март. Од озлогласената Треблинка ја спаси љубовта, токму со момче Македонец- православен христијанин...

Вистинската Ребека од „Трето полувреме“ е вусшност некогашна наша сограѓанка, Еврејката Нета Коен, една од малкуте која го преживеа кобниот 11-ти март. Од озлогласената Треблинка ја спаси љубовта, токму со момче Македонец, православен христијанин, што сепак докажа дека летањето на птицата во туѓо јато може да биде многу успешно. За да остане жива, не само роднините, туку и соседите помогнале- вели една од нејзините внуки. 

Поради посебната улога на жената во еврејското семејство, татко и сакал таа да се омажи за Евреин, додека пак родителите на нејзиниот сопруг, кој бил единствен наследник, сакале Македонка да им ја продолжи традицијата. Но, токму нивната љубов им овозможила да му дадат гол на животот, вели внуката Емилија.

Сега тие, како и нивните родители, со гордост го пренесуваат еврејскиот идентитет и култура во Македонија. Заедно со другите членови од првото колено на преживеаните, го реновирале објектот на Еврејската заедница. И со сите семејства како Садикаријо, Леви, Самоковлија, Жамила, Мизрахи и многу други, помогнале да се изгради Музејот на холокаустот како потсетник - никогаш да не се повтори. 

 

Фиљана Кока