Отворен интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“
Бит Фест преку фествалот „Битолино“ неколку денови ќе пулсира со детската театарска магија. Фестивалот има интернационален карактер. Шест театарски групи ќе настапат под заедничко мото „да создаваме убави спомени од детството“...

Театарската игра е магија, но кога на сцената се играат претстави за деца тогаш таа е повозбудлива. Со претставата „Алиса во земјата на чудата“ од синоќа во Битола пулсираат дестките доживувања што ги носи четвртото издание на интернационалниот детски театаски фестивал „Битолино“.
„За мене овој фествал значи многу. Се забавувам и гледам нови претстави на други јазици“, вели малата Вера Мавровска.
„Фествалот нуди убави претстави кои на моменти се и смешни и тажни“, вели нејзината другарка Дијана Кусибојовска.
„Битолино е супер, ни овозможува да запознаеме нови актерски групи и личности“, вели Петар Живковиќ.
Приказната за „Алиса во во змјата на чудата“ ја знаат сите. Но, да се одгледа на театарската сцена е можност да се почувствува вистинската порака, која овојпат преку играта ја испратија актерите на Детскиот културен центар од Белград.
„Претставата на свој начин ги повикува не само децата туку и возрасните да ја зачуват чистата душа и да пронајдат начин да сватат дека тоа е мерката како да се биде добар човек и чува својата заења“, рече актерката Јелена Илиќ.
Актерството се учи од мали нозе. Фествалот кој е дел од светските детски фестифали ги покажува и едукативните страни.
„Само битолската школа Бабец брои 40 деца. Тоа се деца кои сите ги гледале нашите претстави, а потоа се родила љубовта кај нив за актерството“, вели раководителот на школата, битолскиот актер Васко Мавровски.
На годинешново издание ќе настапат шест театарски групи од светот под заедничкото мото „да создаваме убави спомени од детството за сите деца“.
Стевче Митревски
