Кривични пријави за 13 лица за сомнителна набавка на штетни горива
Од МВР соопштија дека по насоки на надлежниот јавен обвинител, ќе продолжат со преземање на понатамошни полициски активности за обезбедување дополнителни докази за случајот и евентуални други кривични дела.

Кривична пријава за вкупно 13 лица, 11-мина се уапсени, еден е во бегство, друг во притвор. Се сомничат дека сториле кривични дела поврзани со увоз на сомнителни набавки на деривати кои нанеле огромна штета на животната средина, здравјето на луѓето, а преку фиктивни договори за позајмици направиле милионска штета врз државниот буџет. Се гонат за злоупотреба на службената положба и перење пари.
Од МВР соопштија дека по насоки на надлежниот јавен обвинител, ќе продолжат со преземање на понатамошни полициски активности за обезбедување дополнителни докази за случајот и евентуални други кривични дела.
Во текот на вчерашниот ден во координирана акција на БЈБ, МВР и ОЈОГОКК беа приведени Капушевски и Јахоски, сопственици на РКМ Енерџи и Пуцко Петрол. Поранешниот директор на ЕСМ, Ковачевски веќе е во бегство и е баран за вмешаност во случајот „Адитив“.
Викторија Милевска
