МЗШВ

Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

11.03.2025 19:52

Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година...

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за: мерка 121 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план и за мерка 2 - Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари, информираат од Министерството за земјоделство.

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за  мерка 121 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.

Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.