Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7-ми февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Собранието на денешната седница изгласа недоверба и на членовите на Судскиот совет: Тања Чачарова Илиевска, Миљазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет.
Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7-ми февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.
Пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека овие членови ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, тие го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судски совет.
На денешната расправа за интерпелациите на петте члена на Судскиот совет не присуствуваа пратениците од СДСМ.
