Штипјанец- трет во Европа во резбарење лубеница
Штипјанец освои трето место во Карвинг на меѓународен натпревар во конкуренција на натпреварувачи од седум држави. За помалку од три часа тој изрезбал лубеница, диња, тиквичка и направил дава цвета од морков...

Штипјанецот Лазо Илов освои трето место на меѓународен натпревар во карвинг, кој се одржа во Србија. Илов резбаше во конкуренција со врвни експери од седум земји од Европа, а бронзата ја освои во категоријата блек бокс.
„Изрезбав една лубеница, една диња, направив два цвета од морков и еден од тиквичка. Сето тоа морав да го завршам за два часа и четириесет минути и 20 минути остануваат за декорација“, објасни Лазо Илов.
Меѓународниот натпревар во српската општина Ковачица е првиот на кој Илов учестувал, но тој на него му отвори многу други врати.
„Ми понудија, да одам во Избург од 15-ти до 17-ти септември на интернационално натпреварување. Веќе има пријавено натпреварувачи од 16 држави. Јас добив понуда да ја претставувам Република Македонија“, изјави Илов.
Успехот на Илов е дотолку поголем што тој техниката на карвинг ја учел сам.
„Учев исклучиво од интернет, но во иднина имам намера да завршам и курс за да можам да добијам сертификат за резбање“, објаснува Илов.
Инаку, карвинг е техника за резбрање на овошје и зеленчук која потекнува од Тајланд. Стара е најмалку 700 години, а во Македонија е атрактивна последните пет.
Оливера Жежова
