Временска прогноза

Преку денот променливо облачно, попладне повремени врнежи од дожд

12.03.2025 07:57

Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер.