Случај „Мазут“
30-дневен притвор за Капушевски и уште двајца осомничени, Јахоски оди во куќен притвор
12.03.2025 08:08
За преостанатите седуммина кои беа спроведени во Кривичен, судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и донесе решение за определување мерки за претпазливост.

Триесет дневен притвор за Ратко Капушевски и уште двајца осомничени, Асмир Јахоски оди во куќен притвор – одлучи судија на претходна постапка.
За преостанатите седуммина кои беа спроведени во Кривичен, судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и донесе решение за определување мерки за претпазливост.
13-мина се сомничат за злоупотреба на постапка за увоз на мазут. Нанеле штета на буџетот во износ од 167,5 милиони евра, соопштуваат од Обвинителството.
