Кривичен суд

Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за двојното убиство

12.03.2025 08:13

Прв ќе биде сослушан Манев, потоа Видевски, Кешишев, Ѓорчевски и на крај Палевски...

Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Прв ќе биде сослушан Манев, потоа Видевски, Кешишев, Ѓорчевски и на крај Палевски.

На изминатото рочиште одбраната на Палевски предложи до Судот да се достави чаурата пронајдена на местото каде што било пронајдено телото на Панче Жежовски за која вештачењето утврдило дека е од оружје калибар 9 милиметри. Воедно, побара пред Судот да бидат повикани две вешти лица за дополнително вештачење на чаурата. Судот по однос на ова барање треба да се произнесе денеска.