Русија повторно трупа војска долж границата со Украина

06.08.2014 11:18

Според официјални лица од НАТО, околу 20.000 војници се стационирани по должината на речиси целата граница на западна Украина...

Повторно трупање на рускат војска долж украинската граница предизвика загриженост дека Москва подготвува уште една интервенција слична на онаа со анексијата на Крим.

Според официјални лица од НАТО, околу 20.000 војници се стационирани по должината на речиси целата граница на западна Украина. Ова се случува едне недела откако САД и ЕУ ги засилија економските санкции за Русија поради поддршката за проруските сепаратисти.

Како дополнување, рускиот министер за одбрана изведува воени вежби во кои се вклучени авиони и противракети одбранбени сили.

Во меѓувреме, Русија на денешната итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина повика на итни мерки за намалување на хуманитарната криза, а САД на тоа одговорија дека Москва носи дел од одговорноста за страдањата на тие луѓе.