Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Останува неизвесно дали ќе се одржи со оглед на тоа во понеделникот пратеникот Бејџан Илјас, кого претседателот на Собранието го назначи да ја води оваа Комисија, го одби ваквиот предлог...

Денеска во Собранието е закажана нова седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, со единствена точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Сепак, останува неизвесно дали ќе се одржи со оглед на тоа во понеделникот пратеникот Бејџан Илјас, кого претседателот на Собранието го назначи да ја води оваа Комисија, го одби ваквиот предлог.
Проблемот во Комисијата за социјална политика почна во ноември минатата година откако тогашната претседателка на Комисијата Илире Даути од Алијансата за Албанците одби да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители.
Собранието на пленарна седница на 10-ти јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 „против“ изгласа нејзина интерпелација по што таа поднесе оставка една недела подоцна.
