Европа

Романија: Уставниот суд ја отфрли жалбата на Ѓоргеску за забрана за учество на изборите

12.03.2025 08:53

Пресудата повеќе не може да се обжали, што го означи неговиот крај во подемот...

Уставниот суд на Романија едногласно ја одби жалбата против забраната за кандидирање на повторените претседателски избори на крајнодесничарскиот политичар Калин Ѓоргеску. Пресудата повеќе не може да се обжали, што го означи неговиот крај во подемот. Ќоргеску во ноември минатата година неочекувано победи во првиот круг од претседателските избори кои беа откажани пред да се одржи вториот круг.

„Пред шест месеци ве повикав на будење на свеста. Мисијата беше остварена. Романскиот народ се разбуди за да се спаси. Се чини дека во овие моменти демократијата и слободата го дишат последниот здив и затоа треба повеќе од кога било да покажеме демократски и мирно дека нашиот избор е важен до последен момент. Беше чест да бидеме заедно во овој историски повик! Мојата мисија е завршена. Го разоткрив ѓаволот во сета негова грозност со сето она што можев да го направам со целото мое битие. Сега, штом ќе видите како изгледа пеколот, изборот е ваш-дали ќе склучите договор со ѓаволот или ќе останете со вера во Бога“, изјави Калин Ѓоргеску, поранешен претседателски кандидат на Романија.