свет
Гренланд: Опозицијата победи на изборите
12.03.2025 09:22
Изборите беа будно следени ширум светот поради постојаната желба на американскиот претседател Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот...

Опозициската партија Демократит победи на парламентарните избори во Гренланд со освоени 29,9 насто од гласовите што е значителен скок од над 9 проценти во однос на претходните избори од 2021-та. Демократит како и второпласираната опозициска партија Налерак, се залага за постепен пристап кон независноста на островот и осамостојување од Данска.
Изборите беа будно следени ширум светот поради постојаната желба на американскиот претседател Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот.
