Сиљановска-Давкова ја продолжува посетата на Азербејџан
Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова...

Азербејџан е подготвен да го зголеми нивото на дистрибуција на природен гас на македонскиот пазар, беше истакнато на средбата во Баку меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот домаќин Илхан Алијев. Претседателката одржа и предавање пред академската заедница и студентите на универзитетот АДА.
Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова, а предвидено е да оствари средба и со премиерот Али Асадов.
Претседателката утре ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и свое обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.
Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.
Мартин Пушевски известува од Баку
