Убиен американски генерал во Авганистан
06.08.2014 11:21
Во нападот се повредени уште 15 луѓе, меѓу кои и еден германски и двајца авганистански генерали...

Американски генерал-мајор е убиен во вооружен напад од страна на припадници на авганистанските сили за безбедност во воена база западно од Кабул.
Веста за убиениот генерал ја потврди и Пентагон. Напаѓачот во униформа на авганистанската војска отворил оган врз припадниците на меѓународните сили.
Во нападот се повредени уште 15 луѓе, меѓу кои и еден германски и двајца авганистански генерали.
Според министерството за одбрана на Авганистан, не се познати причините за нападот.
