Македонија

МВР: Приведен крадец во Куманово

12.03.2025 19:27

Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.

Вчера во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.

Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.