Успешен епилог по преговорите Вашингтон - Киев
Украина прифати едномесечно примирје – преговорите Вашингтон-Киев во Џеда дадоа плод. На потег е Русија. Ставот на Русија не се формира во странство, туку во рамките на руската федерација- соопштија од руското МНР. Москва не исклучува контакти со американските претставници во следните денови. Европската унија ја поздрави одлуката за прекин на огнот во надеж дека ќе се постигне целосен мир. На фронтот борбите не мируваат..

Успешен епилог по еднодневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Џеда. Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот. Отворена е можноста за завршување на тригодишниот конфликт на траен и одржлив начин, топката е сега на тренот на Русија- истакна државниот секретар на САД.
„Украина е подготвена да престане да пука и да почне да преговара. Оваа понуда ќе им ја пренесеме сега на Русите. Топката е сега кај нив и од нив ќе зависи дали ќе кажат ДА или НЕ за мирот“, изјави Марко Рубио - државен секретар на САД.
Направивме важен чекор, на целиот свет му покажавме дека Украина сака мир - изјави емисарот на Зеленски. Сега останува на САД да ја убедат Русија да се согласи со предлогот, време е за целосна вистина- истакна украинскиот претседател.
„Украина е подготвена за мир, но САД мора да ја убедат Русија да го стори истото. Да ја покаже својата подготвеност да ја прекине војната. Време е за целосна вистина. Ако тие се согласат, прекинот ќе стапи во сила веднаш“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.
Пред престојните средби со Русија, Вашингтон со порака- рускиот реципроцитет е клучот за постигнување мир. Шефот на Белата куќа оптимист дека Москва ќе го прифати предлогот.
„Се надеваме дека и Русија ќе се согласи со тоа. Ако ја натераме да го направи тоа, ќе биде одлично. За танго се потребни двајца. Па се надеваме дека Путин ќе се согласи“, изјави Доналд Трамп - претседател на САД.
Формирањето на ставот на Русија не се случува во странство поради некои договори или напори на некои страни, туку се формира во рамките на Руската Федерација- изјави портпаролката Захарова. Москва не исклучува контакти со американските претставници во следните денови.
„Имаме и планирани контакти со Американците деновиве, при што очекуваме да добиеме целосни информации за деталите од преговорите.. Не ја исклучуваме можноста и за телефонски разговор на највисоко ниво“, изјави Дмитриј Песков - портпарол на Кремљ.
Реакции пристигнаа и од европските лидери- Ова е позитивен чекор, ја повикаа ја Русија да одговори.
„Се чини дека Американците и Украинците направија важен чекор кон мирот. И Европа е подготвена да помогне да се постигне праведен и траен мир“ - напиша полскиот премиер Туск на социјалните мрежи.
Претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен пак вели-„Ова е позитивен развој што може да биде чекор кон сеопфатен, праведен и траен мир за Украина“.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата целосна улога, заедно со своите партнери, во претстојните мировни преговори“, додава претедателот на Европскиот совет Кошта.
По успешниот исход во Џеда, САД решија да го обноват споделувањето разузнавачки информации и безбедносната помош за Украина. Договорот за минерали не беше предмет на разговорите.
Бојана Крстевски
