Република Српска

Обвинителството на БиХ издаде наредба за апсење на Додик

12.03.2025 11:57

Наредбата е издадена на денот кога Националното собрание на РС требаше да расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите во РС планираат да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да формира сопствена армија и да го укинат Советот на народите...

Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба за апсење на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ. Тие се товарат за „напаѓање на уставниот поредок“.

Наредбата е издадена на денот кога Националното собрание на РС требаше да расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите во РС планираат да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да формира сопствена армија и да го укинат Советот на народите.